Италија планира да воведе „бонус за домаќинки“ со цел да се вработат повеќе жени

- Advertisement -

Италија се надева дека новиот фонд за обуки на жени ќе помогне да се намали половиот јаз во земјата. Во рамките на тој план владата ќе издвои 3 милиони евра за обуки за жни. Оваа мерка, која се вика „bonus casalinghe“ или бонус за домаќинки е наменет специјално за жени кои не се вработени.

„Премногу жени никогаш не работеле, а многу од нив ја изгубија работата изминатите месеци. Неприфатливо е една жена да биде принудена да седи дома затоа што нема доволно можности за вработување. Неприфатливо е една жена да нема можности за да се стекне со квалификации или да може да се надградува. Тоа е еден вртлог без крај, Напротив, потребни ни се структурни инвестиции во можности за обуки и опремување на жените со вештини, а тоа значи на жените да им се гарантира слободата да избираат и да им се помогне со пристапот до можности за вработување“ вели Елена Бонети, министерка за еднакви можности и семејства.

- Advertisement -

Со таа цел новиот пакет од 25 милијарди евра стимуланси за буџетот на Италија вклучува и фонд со кој ќе се плаќаат курсеви за обуки за жените. Три милиони евра се издвоени за тој фонд, веки Бонети, што и не некоја голема сума. Министерката застана во одбрана на сумата велејќи дека тоа е само почеток и дека ќе биде дополнета со други програми кои веќе се имплементираат, како што е посебниот фонд за обуки на жени од STEM полињата.

Не е познато колку жени можат да аплицираат и кој е квалификуван за да аплицира. Деталите ќе бидат утврдени до крајот на 2020 година. Родителите кои веќе работат со месеци мора да прават баланс меѓу чувањето деца и одењето на работа затоа што од март наваму се затворени училиштата и градинките. Жените кои се помал процент од работната сила во Италија отколку во други развиени земји исто така се на помалку битни позиции, а често на нивен грб паѓаат и многу дополнителни обврски.

- Advertisement -

Помалку од половина од работоспособните жени во Италија се вработени, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој, иако повеќе од половина од дипломците и магистрандите во Италија се жени.

Активистите за еднакви права долог време повикуваат на политики кои ќе се занимаваат со вистинските причини за проблемот, како што е подостапна грижа за децата или обврзување на двајцата родители да го споделуваат породилното отсуство. На мајките во Италија им следуваат до 5 месеци платено отсуство, додека на татковците им следуваат само 5 дена.

- Advertisement -

(The Local)

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -