Американски научници пронашле честици на микропластика и нанопластика во човечки органи

- Advertisement -

Микропластики и нанопластики за прв пат се најдени во човечки органи. Како што пишува Guardian, a пренесува Радио МОФ, истражувачите пронашле мали пластични делови во сите 47 примероци на бели дробови, џигери, бубрези и слезини кои биле достапни за тестирање.

Загаденоста од микропластики е присутна насекаде во светот, од Арктикот до Алпите и најдлабоките океани. Ваквите честици можат да насоберат отровни хемикалии и микроби кои се штетни за водените животни. Луѓето ги внесуваат микропластиките преку храната и водата, но и воздухот. Сè уште не е познато колкава е штетноста од микропластиките и како тие можат да влијаат врз животите на луѓето.

- Advertisement -

Истражувачите ги добиле тестираните ткива од банка за органи, а  преку нивниот аналитички метод откриено е присуство на различни видови микропластики, вклучувајќи ги оние од пластични шишиња и пластични ќесиња.

Истражувачите исто така во сите органи наишле и на присуство на „Биспенол А“. Американската Агенција за заштита на околината е загрижена за присуството на оваа хемикалија бидејќи таа е преставена како како репродуктивен, развивачки и систематски отров во студии за нејзиното присуство кај животни.

- Advertisement -

Не сакаме да креваме паника, но загрижувачки е фактот дека овие неразградувачки материјали се присутни насекаде и можат да се впијат во човечките органи, без да ги знаеме последиците кои може да го имаат врз здравјето. Откако ќе проучиме сè што се содржи во ткивото, ќе можеме да започнеме со епидемиолошки студии за последиците врз здравјето“, истакнал Варун Келкар, дел од научниот тим на Универзитетот во Аризона.

Микропластиките се минијатурни тела не поголеми од пет милиметри, а нанопластиките се помали и имаат дијаметер од 0.0001 милиметер. И двете структури се формираат од поголеми пластични површини кои се фрлени во околината. Истражување врз диви и лабораториски животни покажало дека изложеноста на микропластики може да доведе до бездетност, воспаленија и рак.

- Advertisement -

Претходни истражувања покажале дека луѓето внесуваат околу 50,000 честици од микропластика во текот на една година. Истовремено, различните видови на наночестици од воздушното загадување се присутни во мозоците и срцата, што може да доведе до рак на мозокот.

Извор: Guardian

Сподели!
- Advertisement -