Светскиот туризам е во загуба од 320 милијарди долари

- Advertisement -

Околу 120 милиони работни места во туризмот на глобално ниво се изложени на ризик поради пандемијата со Ковид-19, кажа денеска генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, пренесе ДПА.

„Во првите пет месеци од оваа година, меѓународните туристички аранжмани се намалија за повеќе од половина и се изгубија околу 320 милијарди долари од извозот во туризмот. На директен ризик се изложени околу 120 милиони работни места во туризмот “, се наведува во изјавата на Гутереш.

- Advertisement -

Со општества во карантин, заземјени авиони и затворени граници во многу делови од светот, Гутереш посочи дека особено се загрозени земјите во развој, вклучуваји ги и оние во Африка.

„Падот на приходите доведе до зголемено ловокрадство и уништување на живеалиштата во заштитените подрачја и околу нив, а затворањето на многу места на светското наследство ги лиши заедниците од витален живот“, додаде генералниот секретар на ОН. Тој има негативен ефект врз жените, руралните заедници и домородните народи, рече тој, истакнувајќи ја важноста за обнова на секторот туризам, бидејќи вработува едно од секои 10 лица, додаде ДПА.

Сподели!
- Advertisement -