12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Facebook ќе и плати 100 милиони евра даночен долг на Франција

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Француската подружница на Facebook прифати да плати над 100 милиони евра даночен долг откако француската даночна управа поведе постапка за анализирање на последните десет години од работата на компанијата таму. Тоа вклучува и 22 милиони евра казна поради неплаќање даноци.

Даночниот долг се однесува на периодот од 2009 до 2018 година. Имено, од 2018 година Facebook во своите годишни извештаи за Франција ги вклучува и приходите од огласи. Поради тоа добивката на Facebook во Франција во 2019 година е речиси дуплирана, но дуплиран е и износот на данокот кој мора да го плати Facebook.

За потсетување, Франција ја предводи кампањата за поголемо оданочување на дигиталните компании откако францускиот парламент донесе одлука со која се воведуваат посебни дигитални даноци. Поради тоа се нарушени односите меѓу Франција и САД.

(Reuters)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!