18.4 C
Skopje
четврток, октомври 1, 2020

Нобеловец по економија открива: Зошто интелигентните луѓе не се секогаш богати?

Нобеловецот по економија Џејмс Хекман има навика да ги прашува луѓето колку голема улога игра вродената интелигенција за нивниот финансиски успех. Едно од прашањата, на пример, е колкав дел од разликата помеѓу мојот и вашиот приход се заснова на нашиот релативен IQ.

Повеќето луѓе велат дека тоа е околу 25 проценти. Некои одат дури и до 50 проценти. Но, истражувањето на Хекман открива нешто сосема друго. Вродената интелигенција игра, во најдобар случај, од 1 до 2 проценти важна улога за успехот на детето во иднината.

Според Хекман, финансискиот успех е во корелација со свесноста: самодисциплина, истрајност и трудољубивост. Тоа не е изненадување за луѓето кои се запознаени со истражувањето за брачни парови: Луѓето со релативно претпазливи и сигурни партнери имаат тенденција да остварат подобри резултати на работа, да бидат повеќепати унапредени, да заработат повеќе пари и да се чувствуваат позадоволни од својата работа.

„Партнерската свесност“ (за мажи и жени) го предвидува идното задоволство од работата, приходот и веројатноста за унапредување.

Според истражувачите, „совесните“ партнери вршат повеќе задачи во домаќинството, покажуваат попрагматични однесувања што нивните брачни другари поверојатно ќе ги имитираат и промовираат позадоволувачки приватен живот, а сето тоа му овозможува на партнерот да се фокусира повеќе на работата.

Овие резултати покажуваат дека диспозитивните карактеристики на личноста со која сме во брак влијаат врз важните аспекти на нашиот професионален живот, вели еден од истражувачите.

Со други зборови, добар партнер дава добар пример и ви овозможува да бидете подобра личност.

Среќата исто така игра голема улога во успехот

Како што пишуваат истражувачите, „Максималниот успех никогаш не се совпаѓа со максималниот талент и обратно. Нашата симулација јасно покажува дека таков фактор е само чиста среќа“.

Но, сите знаеме дека не можеме да ја контролираме среќата. И, вие можете само деломно да го контролирате коефициентот на интелигенција. Иако со сигурност ќе ви овозможи да стекнете подобро образование, флуидната интелигенција – способноста да размислувате логички и да решавате проблеми независно од стекнатото знаење – е донекаде нешто што може да се научи, но во голема мера тендира да остане фиксирана.

Тоа што можеме да го контролираме е нашата свесност. Колку сме вредни и колку сме упорни.

На крајот е важно колку напорно работите

Секој од нас го дефинира успехот на поинаков начин, најдобро што може. Но, ако по некој случајност го дефинирате успехот со традиционални мерки, од типот на професионално достигнување, богатство или слава, напорната работа е одличен фактор за израмнување.

Можеби не сте попаметни од другите. Можеби и не сте толку талентирани. Можеби немате изградено слични релации, не сте дел од иста средина и немате одлично образование.

А можеби немате ништо од тие работи.

Но она што можете да го направите е да ја замените интелигенцијата со напор – бидејќи, со текот на времето, напорот резултира со вештини и искуство. Секогаш можете да бидете поупорни од другите. Секогаш можете да бидете подисциплинирани.

Тоа е нешто што можете да го контролирате. И тоа, вели науката, ќе има најголемо влијание врз вашата потрага по успех.

Извор: www.vrabotuvanje.com.mk

Фото: Picabay.com

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •