14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

TikTok ја одби понудата за преземање од Microsoft

Kabtel desktop

Понудата на американската технолошка компанија Microsoft за купување на американската подружница на кинеската видеоапликација TikTok беше одбиена од страна на компанијата сопственик на апликацијата ByteDance.

„Од BytDance не известија дека нема да го продаваат американскиот дел на TikTok на Microsoft. Уверени сме дека нашата понуда беше добра за корисниците на TikTok, со истовремена заштита на националните интереси” наведуваат од Microsoft во соопштението.

Оваа американска групација на почетокот на август годинава го изрази својот интерес за купување на американската подружница на TikTok, апликацијата која се најде под закани за забрана во САД.

Имено, претседателот на САД, Доналд Трамп, ја обивни апликацијата дека шпионира во корист на Кина и и даде рок до 20 септември апликацијата во сопственост на кинеската компанија ByteDance да биде продадена или да се затвори подружницата во САД. Ако не се најде купец до 20 септември, платформата мора да се затвори во САД, а кинеската компанија-сопственик поднесе жалба против американската влада со цел да ја оспори таа мерка.

Кон крајот на минатиот месец и малопродажниот синџир маркети Walmart потврди дека заедно со Microsoft почнале преговори за преземање на платформата за споделување кратки видеа. Според повеќе американски медиуми, групацијата Oracle, чие име се псоменува како еден од можните купци, сега има отворен пат да го купи американскиот дел од TikTo. Засега за тоа нема потврда ни од Oracle ни од TikTok.

(Bizlife)

(фото: Pikist)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •