12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Таканаречени „тивки зони“ во простории со висок ризик на зараза може да го намалат ширењето на корона вирусот

Kabtel desktop

Ако зборуваме потивко, испуштаме помалку честички и така се намалува можноста за ширење на корона вирусот, што во време на пандемија може да биде многу битно во високоризични затворени простории како што се болниците или рестораните, велат американски научници.

Намалувањето на гласноста за само шест децибели во просечниот говор може да има ист ефект на спречувањето на на ширењето на вирусот како и зголемената вентилација во просториите, тврдат научници од Универзитетот Калифорнија.

Резултатите на нивната студија укажуваат на тоа дека јавно-здравствените власти треба да размислат за воведување т.н. „тивки зони“ во затворените простории со висок ризик како чекалниците во болниците или во рестораните и банките, на пример, велат тие.

Светската здравствена организација во јули годинава ја изнесе можноста корона вирусот да се шири преку аеросолите во воздухот во ситуации како што е групно пеење или за време на вежбање во теретани или во рестораните. Микроскопските честички кои се испуштаат при говорењето се доволно големи за да носат активни честички од вирусот, покажало нивното истражување.

Зголемувањето на гласноста на говорот за 35 децибели, што е разликата меѓу шепотење и викање, значи испуштање на 50% повеќе од тие заразни честички. Но, не сите затворени простории се еднакви во поглед на ширењето на вирусот преку аеросоли, вели главниот автор на студијата, Вилијам Ристенпарт. Преполните, но тивки училници, на пример, се значително помалку опасни отколку еден караоке бар каде што нема многу луѓе, но се зборува гласно и се пее.

(Zimo)

(фото: Pxfuel)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!