9 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Лондон со нов план за помош на работниците и компаниите

Kabtel desktop

Британскиот министер за финансии Риши Сунак објави нови програми за зачувување на работните места и за помош  на компаниите во отплата на кредитите што треба да ги ублажат ефектите од корона-кризата.

– Владата директно ќе ги поддржува платите на вработените, давајќи им можност на компаниите кои се соочуваат со долгорочен пад да ги задржат работниците со скратено работно време, наместо да ги прогласи за технолошки вишок, рече Сунак пред Парламентот.

– Програмата ќе поддржува одржливи работни места, земајќи предвид дека работниците работат најмалку третина од нивното вообичаено работно време и дека нивниот работодавач им исплаќа нормална плата за таа работа, објасни тој.

Според него, Владата потоа заедно со работодавците ќе зголеми плати на тие луѓе

– Ќе им бидат покриени две третини од платите што ги загубија со намалување на работното време, додаде министерот за финансии, предупредувајќи сепак дека владата нема да може да го спаси секое работно место.

Тековниот план за зачувување на работните места, што поддржуваше околу девет милиони работни места во екот на кризата во мај, треба да биде затворен во октомври. Се очекува да чини околу 50 милијарди фунти (64 милијарди долари).

извор: 24info.mk

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •