11.2 C
Skopje
четврток, октомври 29, 2020

Бионичката 3Д печатана рака на Орхан Багашов доби нова, усовршена верзија. Младиот иноватор од Тетово ќе биде дел од Inno Café!

Kabtel desktop

Она што ја прави уникатна бионичката рака Venus Arm е тоа што таа може лесно да ја склопи секој човек, без претходно искуство и знаење. Преку прогресот што тимот ги направи во дизајнот на раката, од првиот прототип до сегашната бета верзија, успеа да го скрати времето на склопување од 7 часа на само 1 час! 

Орхан Багашов е ученик во средното училиште „Јахја Кемал“ во Скопје и иако има само 16 години, веќе е со осумгодишен стаж во иноваторството и технологијата. Најпознат е по проектот 3Д печатена бионичка рака која е развиена со тим соученици од „Јахја Кемал“ и за која летово победија на националниот младински предизвик „Генерација без граници“ (Generation Unlimited)

3Д печатена бионичката рака, која всушност е електронска протеза, функционира со помош на мускулни сензори кои ги читаат импулсите на мускулите на подлактницата и е наменета за лицата со недостаток на горен екстремитет.

Овој продукт е направен врз принцип секој човек кој има потреба од бионичка рака да може да преземе бесплатен модел за 3Д печатење и да го отпечати, да ги нарача другите делови на интернет и да ја состави раката, без претходно искуство, во рок од 1 до 2 часа. Овие карактеристики ја прават оваа бионичка рака да има најмалку 28 пати пониска цена од другите моментално достапни бионички раце на пазарот.

3D Printing of the Venus Arm

Во денешното видео, погледнете ја забрзаната снимка во која накратко ви го претставуваме процесот на 3Д печатење на најновата верзија на Venus Arm, со некои поправени и додадени детали според сугестии добиени од нејзините корисници 🆕In today's video, take a look at the time-lapse in which we shortly present the process of 3D printing of the latest version of the Venus Arm, with some corrected and added details according to suggestions received from its users 🆕

Posted by eBionics on Вторник, 15 септември 2020

„Изработката на бионичка рака е тимска работа, во која учествуваат уште тројца мои другари од средното училиште „Јахја Кемал“ од Скопје. Прототипот го направивме на работилница Generation ulmited како дигитално решение за лица со попреченост.

Додека работев на роботската рака, која е во склоп на еден поголем мој проект – хуманоиден робот, ги анализирав бионичките раце кои се на пазарот, а впечаток ми оставија нивните високи цени. Така започнав да размислувам за можноста да се развие технологија на друг начин, кој ќе овозможи истите да бидат достапни за сите.

Нашата целна група се лицата со недостаток на горен екстремитет кои во секојдневието се соочуваат со разни проблеми како пишување, интеракција со предмети, работа на компјутер итн. Веќе постојат бионички раце или електронски протези за овие лица. Но, тие бионички раце имаат поголем број на недостатоци, кои можат да бидат решени доколку постои желба за тоа. Основата на овие недостатоци е цената која изнесува над 10.000 евра. Како резултат на тоа тие не се користат во посиромашните земји и најчесто се вградуваат кај лица над 18 години заради тоа што помладите се уште се во развој. На пример, еден тинејџер кој живее во Македонија и потекнува од просечно домаќинство, најверојатно дека нема да може да си дозволи бионичка рака. Но, ние сакаме да го смениме тоа, и да направиме бионичка рака која ќе биде достапна за секој кој има потреба од неа“, вели младиот Орхан.

Venus Arm assembling

Она што ја прави уникатна нашата бионичка рака е тоа што таа може лесно да ја склопи секој човек, без претходно искуство и знаење. Преку прогресот што го направивме во дизајнот на раката, од првиот прототип до сегашната бета верзија, успеавме да го скратиме времето на склопување од 7 часа на само 1 час! ⚡Ние континуирано работиме на тоа бионичката рака да стане полесна за употреба од нејзините корисници. Затоа може да очекувате и нови иновативни надградби во блиска иднина. 🔜Погледнете како изгледа склопувањето на бионичката рака, само со помош на инструкциите кои се дадени на нашата веб страна 👇What makes our bionic hand unique is that it can be easily assembled by anyone, without prior experience and knowledge. Through the progress we have made in the design of the hand, from the first prototype to the current beta version, we have managed to shorten the assembly time from 7 hours to only 1 hour! ⚡We are constantly working to make the bionic arm as user-friendly as possible for its users. So you can expect new innovative upgrades in the near future. 🔜See how it looks like to assemble our bionic arm, only with the help of the instructions given on our website 👇

Posted by eBionics on Четврток, 20 август 2020

Се фокусиравме да направиме Open Source бионичка рака поради тоа што сметаме дека најголемиот проблем е нејзиното комерцијализирање. Open Source значи дека секој кој има потреба од бионичка рака ќе може да ја избере својата големина на рака, да ги симне бесплатните модели за 3Д печатење преку интернет, да ја испечати конструкцијата на 3Д печатар, да ги нарача останатите делови од интернет и да ја состави сам без никакво претходно искуство во период од шест до седум часа. 3Д печатењето станува сè подостапно за сите, но доколку некој нема 3Д печатар и не знае како да ракува со него, би можел да ги нарача деловите од фирми кои нудат услуги за 3Д печатење. Оваа идеја, според нас, е решение на проблемите на досегашните бионички раце поради тоа што материјалите за изработка се поевтини, не се плаќа за транспорт, работна рака и профит за производител и добавувач. Достапна е во секој дел на светот и евтино е да се надогради за децата. Претпоставената цена за да се изработи е 150-200 евра, што е околу 50 пати пониска цена од наједноставните бионички раце на пазарот. Оваа иновација би живеела и без наша понатамошна подршка, ќе може секој кој има идеја и сака да помогне, да може да ја подобри.

ПРЕТПОСТАВЕНАТА ЦЕНА ЗА ДА СЕ ИЗРАБОТИ Е 150-200 ЕВРА, ШТО Е ОКОЛУ 50 ПАТИ ПОНИСКА ЦЕНА ОД НАЈЕДНОСТАВНИТЕ БИОНИЧКИ РАЦЕ НА ПАЗАРОТ.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •