Франција активираше 5G мрежа во девет големи градови

- Advertisement -

Франција ја лансираше петтата генерација мобилни мрежи, а првите активации на фреквенцијата се резервирани за оние кои претходно се претплатиле на таа услуга. Давателите на телекомуникациски услуги очекуваат дека ќе треба време за 5G технологијата да стане достапна за сите.

Локалните медиуми јавуваат дека 5G мобилната мрежа е достапна на подрачјата на кои телекомуникациските компании поставиле 500 тест антени и тоа во само девет големи градови во Франција.

- Advertisement -

Телекомункациските компании предложиле речиси 3 милијарди евра за овозможување на фреквенциите, иако не очекувале толку брзо прифаќање на мрежата. На почетокот на ноември извршниот директор на Orangе, Стефан Ришар, за француските медиуми изјави дека ширењето на 5G мрежата ќе биде бавен процес.

„Оваа зима нема да биде проширена на голем број корисници. Тоа е тема за 2021 година, посебно во втората половина од годината“ изјави Ришар.

- Advertisement -

Француските регулатори пропишуваат дека до 2022 година секој оператор мора да постави по 3.000 преносни кули, број кој наредните две години треба да се зголеми на по 8.000 кули. Вкупно до 2025 година мора да има 10.000 кули.

Француската влада сака да продолжи со оваа технологија за државата да остане конкурентна, а претседателот Емануел Макрон на саемот за технологии во септември ги отфрли сите клевети кои се врзани за 5G технологијата.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Media.defence.gov)

Сподели!
- Advertisement -