-5 C
Skopje
петок, ноември 27, 2020

Научници за неколку минути направија дијаманти на собна температура

E-commerc 11.11.2020

Дијамантите можеби може да траат вечно, но тоа не значи дека им треба толку многу време за да настанат. Тоа го потврдија научници од Австралија кои успеаја во својата лабораторија да создадат дијаманти за само неколку минути. Овие скапоцени камења вообичаено се создаваат откако јагленот ќе се издроби и ќе се загрева далеку под површината на Земјата со милијарди години, што објаснува зошто се толку скапоцени и посакувани.

Научниците од Австралија ја забрзаа целата постапка за настанување на дијамантите и тоа на собна температура. Станува збор за меѓународен тим од истражувачи кој е предводен од Австралискиот национален универзитет и Универзитетот Мелбурн.

Како што појаснуваат, создале два вида дијаманти на собна температура со употреба на висок притисок кој е еднаков како 640 африкански слонови да балансираат на врвот на чевли од балерина. Еден вид од дијамантите кои ги создале е сличен на дијамантите кои вообичаено се носат на накит, додека вториот вид се вика „лонсдалајт“, односно камен кој вообичаено се наоѓа на местото на судир на метеорити и е поцврст од најголем дел од дијамантите. Овој вид на дијаманти потенцијално може да биде од помош при разбивањето на исклучително цврсти материјали на рударски наоѓалишта.

Природните дијаманти вообичаено се формираат со милијарди години, околу 150 км длабоко во земјата, каде што има големи притисоци и температура над 1.000 степени Целзиусови. Она што е поинаку е начинот на кој вршиме притисок“, вели Џоди Бредби, професорка по физика на Австралискиот национален универзитет.

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •