0 C
Skopje
сабота, јануари 16, 2021

Пандемијата не ги спречува Treebanks! Викендов се садат 10.000 дрвја на Плачковица!

Kabtel desktop

Садењето дрвја е инвестиција во нашата зелена иднина. Ова е мотото на тимот на Treebanks, млади ентузијасти кои викендов садат 10.000 дрвја видот дуглазија, багрем и јасен на планината Плачковица. Поврзувањето на патувањата со зазеленувањето на планетата е уникатниот концепт кој пред две години почна да го развива Treebanks и кој има одлични резултати. Секоја резервација на booking.com, направена преку сајтот на Treebanks, овозможува да се засади едно дрво. Уникатната идеја на младиот инженер Михаил Стевчев започна да функционира на крајот од 2018 година. Тој, своето инженерско искуство и работа во старт-ап компаниите го надополнил со искуството на татко му Митко, кој е агроном и на братот Невен, кој е лекар и оформил иновативен концепт, што може да функционира насекаде во светот, со голем број партнер-компании кои ќе се најдат на истата линија во борбата за заштита на животната средина.

Сепак, кризата која ја предизвика пандемијата на Ковид 19 го ограничи движењето на луѓето и ги намали патувањата, но тоа не ги поколеба ниту ги обесхрабри овие млади луѓе. Изнаоѓајќи нови начини за донации тие и годинава ќе продолжат со својата благородна мисија, да се засадат што повеќе дрвја и да допринесат што повеќе за намалување на последиците од климатските промени.

Визијата на Treebanks за 2020 беше поинаква, сакавме да обезбедиме по 500 дрвја месечно, но за жал, заради актуелните околности не успеавме. Заради тоа решивме, наместо да инвестираме во реклами, да инвестираме во тоа што најдобро го знаеме, садењето дрвја на тој начин што ќе засадиме по едно дрво за секој што ќе се зачлени на нашиот newsletter. Кампањата почна од 11 ноември и имаме над 4.000 зачленувања“, вели Михаил Стевчев, првиот човек на Treebanks и додава дека во акцијата, освен нивниот тим ќе учествуваат и професионалци и доброволци, а ќе бидат вклучени и планинарското здружение и мото клубот од Радовиш.

Остатокот од средствата, за да се засадат 10.000 дрвја на Плачковица, се обезбедени преку продажбата на маички креирани специјално за Treebanks, како и преку продажбата на новогодишни лампиони направени од стари дрвени врати. Диверзификацијата на собирање на средства, вели Михаил, со маички и лампиони ќе продолжи и во иднина, се додека патувањата и резервациите преку booking.com не се вратат на поранешното ниво. Во зависност од успехот на продажбата, тимот на  Treebanks планира да воведе и новини за своите клиенти.

Treebanks во 2019 засади 1.700 дрвја, на четири локации во Македонија, на Водно, во Охрид, на езерото Младост каде што се пошумување локацијата каде што имаше голем пожар и во Радовиш. На крајот од октомври годинава ја ко-организирвме акцијата Trees of friendship-Дрво на пријателството во која се засадија 60 платани во Општина Аеродром“, вели Стевчев.

Визијата на Treebanks е да прерасне во интернационален проект. Стевчев вели дека без разлика што е започнат во Македонија, Treebanks e достапен во целиот свет и голем процент од резервациите се на корисници надвор од Македонија. И покрај тоа, вели тој, сите дрвја обезбедени на овој начин се засадени во Македонија. Крајната цел е да стигнат со еден милион дрвја во Македонија, како придонес за поздрава животна средина и намалување на влијанието на климатските промени.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •