4 C
Skopje
сабота, јануари 23, 2021

Шпанска компанија ја претвора пластиката од океаните во прекрасна облека

Kabtel desktop

Шпанската компанија Ecoalf го извлекува пластичниот отпад од водите во близина на Шпанија, Грција и Тајланд. Собраната пластика потоа се претвора во чипови кои се топат и се претвораат во конци за плетење.

Го претвораме пластичниот отпад во полимерна волница од која правиме нови производи, за кои никогаш нема да познаете дека се рециклирани. Почнавме со тројца рибари на источниот брег на Шпанија и едно мало пристаниште. Сета пластика што ја вадеа заедно со рибите наместо да ја вратат назад во морето, ја собираа во контејнери и ја носеа на пристаништето. Сега работиме со 3.000 рибари и собираме околу 600.000 тони отпад“, вели претседателот и основач на Ecoalf, Хавиер Гојенеш.

За производство нa облеката на Ecoalf се троши 20% помалку вода, 40% помалку енергија и се испушта 50% помалку јаглерод диоксид отколку кај стандардната облека. Тоа е многу битно затоа што модната индустрија се смета за вториот најголем загадувач во светот.

Потребни се 2.500 литри за да се произведе една маичка на класичниот начин. Секоја секунда еден камион со облека се носи на депонија или се спалува.

Читав за една од најголемите компании за производство на памук во светот. Тие палат по над 1.600 хектари шума за да можат да посадат нови насади од памук. Тоа значи дека ги палиме шумите за да посадиме памук, од кој ќе произведеме маичка која ќе ја продадеме за само 3 евра. Таа маичка за две години отсега ќе заврши на депонија. Тоа нема смисла. Мора да почнеме да ги рециклираме старите маици за да направиме нови, а не да ги палиме шумите“, вели Гојенеш.

Целта на Ecoalf е да го смени начинот на кој луѓето гледаат на веќе употребената стока.

Отпадот е отпад само ако неко користите повеќе. Не смееме да мислиме за отпадот како да е ѓубре, односно нешто што не ни треба повеќе. Најпрвин, затоа што наскоро нема да има простор на планетата за да го собере целиот отпад што го создаваме. Нема доволно депонии, не можеме постојано да го согоруваме. Мора да почнеме да го користиме тој отпад. Ако размислиме, најголем дел од производите кои ги користиме може да се рециклираат, само треба да се најде соодветната технологија. Таа технологија постои и се подобрува од ден на ден“, додава Гојенеш.

Тој има и порака за идните социјални претприемачи: „Она што го правите повеќе не е доволно. Многу побитно е како го правите тоа. Секој може да направи маичка или да изгради зграда или да произведе храна. Проблемот е како се прави тоа. Дали е ефикасно од аспект на енергијата што се троши? Какви загадувачи се користат притоа, какви бои?Колку вода се троши? Мислам дека мора да има некаква цел, некакво значење. Мислам дека на светот не му се потребни уште компании кои работат на ист начин“.

Гојенеш е добитник на наградата за социјално претриемништво за 2020 година на Фондацијата Шваб

(World Economic Forum

(фото: Ecoalf screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •