-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Huawei гради фабрика во Франција за 5G опрема за цела Европа

Kabtel desktop


Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei ќе гради фабрика на истокот од Франција, односно погон за производство на технолошки решенија за мобилни мрежи. Тоа ќе биде првата фабрика од тој тип надвор од Кина. Во погонот во Брумат ќе бидaт инвестирани минимум 200 милиони евра и на почеток ќе вработи околу 300 луѓе. Фабриката ќе произведува 5G опрема за целиот европски пазар.

Според Huawei, фабриката во Брумат, мало гратче кое се наоѓа на околѕ 10 км северно од Стразбур и веќе има голема економска зона, треба да произведува опрема во вредност од 1 милијарда евра годишно.

„Со оваа фабрика на крстосницата во Европа, Huawei ќе го збогати своето присуство на континентот, каде што веќе има 23 центри за истражување и развој, повеќе од 100 партнерски универзитети, над 3.100 снабдувачи и успешен синџир за снабдување“ велат од кинеската компанија.

Оваа објава доаѓа во тежок момент за кинеската групација, покрај трговската војна на САД и Кина. Администрацијата на претседателот во заминување, Доналр Трамп, смета дека Huawei претставува опасност за шпионажа на кинеската влада. САД повика повеќе земји, особено европските, да не ја користат инфраструктурата на Huawei за поставување нови телефонски мрежи за 5G.

Франција тоа не го направи експлицитно, но и Велика Британија и Шведска се двете европски земји кои официјално го исклучија Huawei од учеството во мобилната мрежа од петтата генерација во земјите.

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!