Предвидување: Кина во 2028 година ќе стане најголемата економија во светот!

- Advertisement -

Кина во 2028 година дефинитивно ќе ги престигне САД и ќе стане најголемата економија во светот, пет години порано отколку што досега се предвидуваше, објави британскиот тинк-тенк Центар за економски и деловни истражувања (CEBR).

„Извесно време веќе главна тема на светската економија е борбата за економска превласт меѓу САД и Кина. Пандемијата на Covid-19 и последичниот економски пад во ова ривалство играа во полза на Кина“, се наведува во годишниот извештај на CEBR објавен во саботата, пренесува агенцијата Reuters.

- Advertisement -

Аналитичарите на CEBR тврдат дека „успешнот справување со пандемијата“ од страна на Кина, која рано го воведе целосното „затворање“, и ударите со долгорочни изгледи за економскиот раст на Западот, доведоа до подобрување на кинеската економска позиција.

Азискиот гигант во периодот од 2021 до 2025 година би требало да остварува просечен годишен раст од 5,7 отсто, а за периодот од 2025 до 2030 година од 4,5 отсто. Истовремено, иако се очекува дека САД ќе имаат силно економски закрепнување во 2021 година, растот ќе забави на 1,9 отсто од 2022 година до 2024 година, а потоа на 1,6 отсто.

- Advertisement -

Јапонија ќе остане третата најголема светска економија, тврдат во CEBR, до почетокот на 2030-те години, кога ќе ја надмине Индија којашто Германија ќе ја потисне од четвртото на петтото место.

Велика Британија, пак, којашто сега е петтата водечка економија во светот, ќе стане шеста во 2024 година. Но и покрај ударите коишто се очекуваат во 2021 година поради напушатњето на заедничкиот пазар на ЕУ, британскиот бруто домашен производ (БДП) до 2035 година, според предвидувањата, би требалио да биде за 23 отсто повисок од францускиот, благодарејќи на британската дигитална економија.

- Advertisement -

Европското производство сочинува 19 отсто од стопанските активности во десетте најголеми економии во светот, но тоа би можело да падне до 2035 година на 12 отсто или помалку, доколку има несредено раздружување меѓу Обединетото Кралство и Европската унија.

Од анализите во CEBR заклучуваат и дека пандемијата ќе се одрази врз економијата со поголема инфлација, а не со послаб раст.

Извор – Нетпрес

Сподели!
- Advertisement -