14 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

Зошто цената на чварките во Хрватска се зголеми шесткратно?

Kabtel desktop

Чварките во последните неколку години станаа вистински гастрономски хит во Хрватска, а таа популарност ја следи и голем скок на цената. Килограм чварки претходно чинеше околу 400 денари, а сега се продавата и по 2.400 денари за килограм. Покрај класичните чварки, на полиците се почесто може да се најдат и иновативни производи како намази од чварки и грицки од чварки.

Поголемата побарувачка ја следат и поголеми инвестиции во производството и од страна на домашните компании, а претседателот на управата на карловачката компанија PPK во состав на групацијата Pivac и потпретседател на Групацијата на кланичка индустрија и преработка на црвено месо HGK, Игор Милјак, објаснува зошто цената на чварките толку брзо расте и зошто стануваат се попривлечни за купувачите.

„Главната причина за нивната висока цена е фактот дека квалитетот на чварките значи дека треба да имаме квалитетна суровина, а не е лесно да се дојде до таа суровина. Современите трендови на одгледување преферираат т.н. меснати свињи, односно свињи чија генетика гарантира повеќе мускулна маса и помалку масни наслаги. Бидејќи чварките се прават од цврсто масно ткиво, тоа воедно значи и помалку достапна суровина за нивно производство. Од една свиња, која во просек тежи од 125 до 130 кг, може да се добијат 3-4 кг квалитетна маснотија за топење. Треба да се напомене и дека целиот процес со сите стандарди на производство се базира на традиционална технологија“ вели Милјак, со напомена дека и модерните трендови на здрава исхрана играат улога во популаризацијата на чварките. Имено, поради големиот удел на протеини од дури 31 грам на 100 грама чварките се висококвалитетен производ за сите кои внимаваат на нутритивната вредност на храната.

Таквиот скок на цената е проследен со инвестиции во производството во PPK. Во склоп на голем инвестициски циклус кој започнал пред три години пуштени се во работа погон за производство на масти и чварки опремен со најсовреена технолошка опрема, кој е меѓу неколкуте најголеми во ЕУ. Денес на годишно ниво произведуваат 250 тони чварки, дел под сопствен бренд, а дел во брендовите на стокови марки на трговски синџири. Милјак проценува дека годишно по регуларен пат се продаваат од 400 до 450 тони чварки, а интересно е тоа што увоз практично нема.
Освен пласманот на домашниот пазар, ги извезуваме ширум Европа, во соседна Словенија, но и во Германија, Австрија, Швајцарија, Шведска и во други земји на ЕУ. Дел од чварките од нашиот погон одат во пекарската индустрија каде што се користат во производството“ објаснува Милјак и додава дека покрај класичните чварки во пакувања од 250 грама направиле и варијанта во кесичка од 100 грама, а прават и намаз од чварки, кој исто така наишол на одличен прием кај купувачите.

(Poslovni Dnevnik)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •