14 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

Во Данска се отвори првиот музеј на среќата во светот

Kabtel desktop

Среде време на анксиозност, стрес и грижа за здравјето Институтот за истражување на среќата од Копенхаген го отвори првиот музеј на среќата во светот. Музејот се наоѓа во Данска, која моментално е рангирана како најсреќна земја во светот.

Ние сите ја бараме среќата, но можеби ја бараме на погрешни места. Додека општествата постојано се збогатуваат не значи дека стануваат и посреќни. Затоа Институтот за истражување на среќата реши да направи музеј каде што ќе ја оживееме среќата,“ велат од музејот.

Музејот со површина од 240 квадратни метри е отворен во Копенхаген на 14 јули минатата година. Има осум соби посветени на природата на среќата. Во една од собите од посетителите се бара да изберат помеѓу една машина која на луѓето им дава бесконечно, иако илузорно, задоволство и реалниот свет исполнет со болка и страдања. Другите изложби вклучуваат мапи со најсреќните и најмалку среќните земји во светот, лабораторија на среќата, историја на среќата и истражување зошто Данска и другите нордиски земји постојано се меѓу најсреќните во светот.

Среќата е многу тешко да се квантифицира. Речникот Мериам-Вебстер ја дефинира како „состојба на добросостојба и задоволство“, но тие термини може да се однесуваат на различни работи за различни луѓе. Во последните години организациите како Институтот за истражување на среќата открија начини како да се измери среќата на посистематски начин. Независниот тинк тенк користи квантитативни податоци како БДП, стапка на невработеност, каматни стапки , како и посубјективни мерки како задоволство и емоции, за да се утврди општата добросостојба.

Годинава во истражувањето, кое се базира на светскиот извештај на среќата, Gallup World Poll, беа додадени некои параметри како што се социјалната, урбаната и националната средина која влијае на квалитетот на животот на испитаниците.

„Може да бидеме Данци, Мексиканци, Американци или Кинези, но пред се сме луѓе. Истите работи придонесуваат за среќата без разлика од каде потекнуваме и се надевам дека луѓето ќе го сфатат тоа од изложбите во музејот“ вели извршниот директор на Инситутот за истражување на среќата, Меик Викинг.

Пред да се отвори музејот персоналот испратил отворен повик до населението за донации на предмети кои им предизвикуваат среќа. Само 18 предмети биле прифатени и изложени во музејот: рекет за бадминтон, инхалатор, семе од домат старо десет години кое донаторката Кејти Диц го пронашла на палтото на својот покоен татко итн.

(Smithsonian)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •