Токио е најдобриот град во светот според Генерацијата Z

- Advertisement -

Токио е најдобриот град за Генерацијата Z, поточно за оние родени помеѓу 1997 и 2012 година, според анкетата на списанието „Тајм аут“. По анкетирањето на 4.000 локални жители на возраст меѓу 18 и 29 години во 150 градови низ целиот свет, јапонската престолнина победи пред Порто и Мелбурн.

Од испитаниците беше побарано да ја оценат целокупната среќа и радост во секојдневните искуства, квалитетот и достапноста на рестораните, ноќниот живот и забавата, достапноста на патеките за пешачење, чувството за заедница и леснотијата за стекнување нови пријатели.

- Advertisement -

Токио го освои првото место благодарение на исклучително високите оценки за среќа и квалитет на ноќниот живот, иако само една третина од анкетираните рекоа дека можат да си дозволат да излезат во градот. Порто, пишува „Еуроњуз“, е втор од неколку причини, вклучувајќи го силното чувство за заедница и прифатливите цени кога станува збор за одење во ресторани, пиење и уживање во уметноста и културата.

Сите членови на генерацијата Z кои учествуваа во истражувањето го опишаа овој втор по големина португалски град како прекрасен.

- Advertisement -

За младите жители на Мелбурн, токму културната сцена беше клучна за пласманот на третото место. Дури 97 проценти од испитаниците го пофалија фактот дека можат да најдат независни театарски претстави, концерти во живо, комедија и импровизациски претстави речиси секоја вечер во неделата.

По него следува Единбург, кој е исто така најдобро оценет град во Велика Британија, благодарение на изобилството на зелени површини, богатиот ноќен живот и културните програми, особено Меѓународниот фестивал во Единбург, кој нуди билети со попуст за лица под 30 години. Дури 90 проценти од анкетираните истакнаа дека се посреќни во Единбург отколку каде било на друго место каде што живееле досега.

- Advertisement -

На првите пет места се наоѓа Шангај, каде што 76 проценти рекле дека е лесно да се запознаат нови луѓе и да се стекнат пријатели. На листата доминираат европски градови, од кои половина се меѓу првите дваесет, вклучувајќи ги Париз, Неапол, Краков и Виена.

(Financije.hr)
Фото- Rawpixel

- Advertisement -