1 C
Skopje
четврток, февруари 25, 2021

Huawei го претстави новиот флексибилен телефон Mate X2

Kabtel desktop

Huawei во Кина го претстави својот нов флексибилен телефон Mate X2. Како што истакнаа на претставувањето, Mate X2 доаѓа со новиот дизајн Falcon Wing и дополнителни технолошки иновации.

Huawei Mate X2 има целосно нов компактен дизајн со намерно поместена точка на рамнотежа за полесно ракување со уредот, без оглед на тоа дали е отворен или склопен. Расклопениот екран е еден од најголемите во светот и нуди врвно корисничко искуство во две форми. Композитното куќиште од челик и карбонски влакна со висока цврстина го прави лесен, но истовремено цврст уред.

Во однос на камерите, има четири камери Ultra Vision Leica, а широкоаколната камера од 50 мегапиксели има еден од првите сензори со YYB филтри во боја, како и 4-во-1 pixel binning технологија и Full Pixel Octa PD автофокус за снимање висококвалитени фотографии. Камерата има перископски дизајн, а поддржува 10x оптички зум.

Телефонот има и моќен стерео систем со два звучници и брз Kirin 9000 5G процесор, како и батерија со капацитет од 4500mAh, која поддржува 55 W Huawei SuperCharge.

Флексибилниот екран има дијагонала од 8 инчи со магнетно контролиран наноотпички слој за да се намали рефлексијата. Од надворешната страна има ОЛЕД екран со големина од 6,45 инчи. И двата екрани имаат врвна респонзивност и брзина на освежување од 90Hz.

Инспириран од техниката long-take на фотоапаратите, големиот екран на телефонот има пакет од паметни опции дизајнирани за мултитаскинг. Така, со помош на опциите како Smart Multi-Window, Floating Window, App Multiplier, App Bubble и многу други корисниците можат ефикасно да вршат повеќе задачи дири и на еден екран.

(Zimo)

(фото: Huawei screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •