-3.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Со Меѓународните извештаи на Македонско кредитно биро можете да добиете информации за над 200 милиони компании во 230 земји во светот

Kabtel desktop

Донесувањето на вистински и сигурни деловни одлуки е од круцијално значење за развојот, функционирањето, напредокот и успешноста на една компанија.

Значителен број на македонски компании имаат меѓународна соработка со партнери, клиенти и добавувачи од целиот свет. Увидот во деловната и финансиска способност на одредена компанија го олеснува одлучувањето за продолжување на соработката со постојните, односно изборот на Вашите нови соработници.

Како да одлучите со сигурност за Вашите меѓународни соработници?

Македонското кредитно биро во соработка со својот странски партнер, Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A, нуди единствена можност на македонските компании да побараат меѓународни извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании од над 230 земји од целиот свет достапни на англиски јазик.

Меѓународните извештаи нудат можност да се намали ризикот во соработката со сегашните и идните деловни партнери. Овозможуваат брз и ефикасен увид во деловната и финансиска способност на странската компанија и го олеснуваат деловното одлучување.

Содржината на извештаите се разликува во зависност од земјата од која пристигнуваат информациите за компанијата, а истите содржат детални финансиски податоци, профил на компанијата, кредитна оцена, процена на ризик, управувачка и сопственичка структура, историја на промени, негативни настани, банкарски сметки, регистарски информации, подружници и канцелариии.

Овој извештај може да го добие било која компанија од Македонија со пополнување на Барање за меѓународен извештај на https://mkb.mk/.  Извештаите се добиваат истиот ден или во рок од 2 до 10 дена, во зависност од земјата од која пристигнуваат информациите за компанијата. Повеќе информации за меѓународните извештаи на https://mkb.mk/megunarodni-izveshtai/.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!