Продадена првата дигитална куќа во светот за половина милион долари

- Advertisement -

Пандемијата смени многу работи во нашите животи. Се што можевме префрливме од реалниот во дигиталниот свет, а понекогаш изгледа како и сами да живееме во некаква дигитална футуристичка матрица.

Но, во последно време посебно внимание привлекуваат NFT (non-fungible tokens), односно незаменливите токени кои служат како некој вид на дигитална сопственост или сертификати, а за да се докаже таа единствена сопственост (видеа, картички, твит, дигитална сопственост итн.) се користи блокчеин.

- Advertisement -

Откако дигитално уметничко дело беше продадено за 69 милиони долари, во игра се вклучија и бројни спортисти кои одлучија своите дигитални спортски меморабилии да ги понудат на најдобрите понудувачи. Колкава лудница настана околу таа дигитална сопственост можеби најдобро збортува фактот дека за сопственоста на првиот објавен твит некој беше спремен да издвои 2,9 милиони долари.

Сега е забележана и продажбата на првата дигитална NFT куќа, и тоа за дури 514.000 долари. Новиот сопственик на дигиталната уметничка Кристи Ким и платил 288 етери, криптовалута која во тој момент вредела вкупно 514.557 долари.

- Advertisement -

Сопственикот нема да добие физичка куќа или барем клучеви, туку ќе добие дигитални документи кои содржат 3Д приказ на куќата, а кои може да ги објави во својот Metavers, односно виртуелното продолжение на реалниот свет.

Во Мetavers може да се купуваат и да се продаваат дигитални куќи и компании, но и да се покажуваат дигитални уметности, па дури и дигитална брендирана облека и виртуелно да се комуницира со други жители.

- Advertisement -

Дигиталната куќа се вика Mars House и според креаторката, ја претставува идната генерација NFT која ќе направи експлозија во иднина кога технологијата за проширена реалност ќе стане широко достапна.

(Zimo)

(фото: Vimeo)

Сподели!
- Advertisement -