LG се повлекува од пазарот за мобилни телефони

- Advertisement -

Јужнокорејската компанија LG Electronics Inc е првиот голем производител на паметни телефони кој ќе се повлече од тој пазар поради загуби и неуспехот да пронајде купувачи. Одлуката да се повлече ќе остави празен простор од околу 10% на пазарот во Северна Америка, каде што е трет по големина производител на смартфони. Таму за тој пазарен сегмент сега ќе се борат Samsung Electronics и Apple Inc.

Во САД LG го таргетираше пазарот за уреди со средна цена и тоа значи дека Samsung, кој има поумерени цени од Apple, ќе биде во подобра позиција да ги привлече корисниците на LG, велат аналитичарите.

- Advertisement -

Одделот на LG за паметни телефони бележи речиси загуба речиси шест години по ред во вредност од околи 4,5 милијарди долари. Напуштањето на толку конкуренте пазар ќе му овозможи на LG да се фокусира на делови за електрични автомобили, паметни домови и конектирани уреди, се вели во соопштението на компанијата.

Во подобрите времиња LG имаше бројни иновации на пазарот за мобилни телефони и во 2013 година беше трет најголем производител на паметни телефони во светот после Samsung и Apple. Според аналитичарите, она што ја турнало компанијата надолу е недоволното знаење како да се спротивстават на новите кинески конкуренти. Моменталниот глобален уред на LG е само 2% и минатата година на пазарот пласираше 23 милиони паметни телефони, додека Samsung пласираше 256 милиони телефони.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -