Научниците веруваат дека една заборавена врста кафе која расте во густите тропски шуми на Сиера Леоне може да помогне за зачувување на овој омилен пијалак од последиците на климатските промени.
Сметаат дека наскоро би можеле да пиеме многу редок вид на диво кафе наречено Coffea stehophylla, кој има врвен вкус како висококвалитетната арабика, но расте во потопли услови и е поотпорна на повисоки температури. Научниците велат дека со оглед на глобалното покачување на температурите, одгледувањето кафе ќе биде се покомплицирано. Истражувањата покажуваат дека со 2050 година половина од земјиштето каде што се одгледуваат висококвалитетните сорти кафе може да биде неупотреблива поради климатските промени и сечењето на шумите.
„Да се пронајде дива сорта на кафе која има добар вкус и е отпорна на топлина и суша е исто како да се пронајде Светиот грал за производителите на кафе. Јас во животот сум пробал разни врсти на диво кафе и најголем дел од нив не се добри, немаат вкус како арабика, па немавме големи оечкувања. Кога сфативме колку е вкусна и квалитетна оваа сорта кафе, се одушевивме. Освен тоа, има и други предности како отпорност на неповолна клима. Имено, расте во потопли услови отколку Арабика“, вели д-р Арон Дејвис, ботаничар и лидер на тимот на британските Кралски ботанички градини за истражување на кафето.
Coffea stenophylla е самоник врста на кафе која расте во регионот а Запоадна Африка и за која до неодамна се веруваше дека целосно исчезнала надвор од Брегот на Слоновата Коска. Reuters пишува дека се извезувала во Европа до почетокот на 20. век и дека се откажале од посевање после откривањето на Coffea canephorst.
(N1)
(фото: Hippopx)