-0.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Град Скопје го отвори зелениот покрив на Домот на градежници

Kabtel desktop

Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот на Домот на културата „Кочо Рацин“, познат како Домот на градежници. На површина од речиси 400 метри квадратни засадени се над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило, има тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите, а поставени се и клупи и канделабри. Новото зелено катче денеска официјално го отворија градоначалникот Петре Шилегов, постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, заменик-амбасадорот на Холандија во нашата земја, Роберт Декер, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

„По зелениот покрив на Градскиот трговски центар, ова е втора ваква површина што како јавен простор ја ставаме на користење за граѓаните. Се наоѓа во Малиот ринг, онаму каде што ни е потребно зеленило. Постарите скопјани се сеќаваат дека токму на овој простор се наоѓало летното кино. Тоа е всушност и идејата на Градот, на оваа површина во текот на летниот период да организираме мини отворено кино, таканаречено „немо“ кино, каде со слушалки ќе се гледаат претстави, за да не се пречи на соседството“, рече Шилегов, кој се заблагоари на заменик амбасадорот Роберт Декер за донацијата на муралот.

Проектот за изградба за зелениот покрив на Домот на градежници е финансиран од буџетот на Град Скопје во вредност од околу 18,5 милиони денари, а имплементиран е во соработка и со поддршка на УНДП.

Запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од „урбаните топлотни острови“ што влијаат на зголемување на температурата во градот, соопштија од Град Скопје. Според истражувања, температурите на зелениот покрив можат да бидат пониски од 16 до 22 целзиусови степени, во споредба со конвенционалните покриви, со што температурите на околината можат да се намалат до 3 целзиусови степени, а потрошувачката на струја потребна за ладење, би се намалила за 0,7 отсто.

Според постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, сѐ повеќе луѓе во светот живеат во градовите што создава голем притисок врз животната средина и отвора предизвици за локалната самоуправа, па затоа УНДП секогаш се обидува да помогне.

„Поканете што повеќе луѓе да го посетат овој простор, да организираат настани, да дојдат со семејствата, особено во овој период на ковид, кога сите сакаме да излеземе на отворено“, рече Сахакјан.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!