12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Паметен завој свети кога има инфекција

Kabtel desktop

Битно е чистењето на раните и проверката за инфекции, но отстранувањето на завојот и повторното ставање може да биде макотрпен процес. Нов паметен завој може да помогне во тоа така што „свети“ кога почнува некаква инфекција.

Научници од Универзитетот на Роуд Ајленд во САД го создадоа завојот кој содржи модифицирани карбонски наноцевки со еден ѕид, кои безбедно се поставени во слој од полимерни влакна. Таквиот состав не дозволува наноцевките да влезат во раната, а сепак им овозможува да реагираат на хемиските состојки на местото на раната.

Една таква состојка, хидроген пероксид, го произведуваат белите крвни клетки во телото во присуство на патогени бактерии. Таа хемикалија влијае на бојата и на интензитетот со кој наноцевките светат која се изложени на силна светлина. Компактен уред поставен над завојот може да го поттикне и да го анализира тоа светење и на тој начин испраќа предупредување до смартфон.

„Се надеваме дека уредот ќе може да дијагностицира инфекција во почетна фаза, што значи помалку антибиотици и спречување драстични мерки како што е ампутација на раце или нозе. Мислиме дека ова особено ќе биде корисно за луѓето со дијабетес, каде што е многу битно лекувањето на хроничните рани.

Плановите засега се завојот да се тестира на живи клетки, а потоа веројатно тестирање на лабораториски глувци. Истражувањето е опишано во студија објавена во весникот Advanced Functional Materials.

(New Atlas)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •