19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Xiaomi конечно е тргнат од црната листа на САД

Kabtel desktop

Како што и најавија пред две недели, американскиот окружен суд во Колумбија донесе конечна одлука со која се укинува именувањето на компанијата како кинеска комунистичка воена организација. Како што објавија од Xiaomi, судот формално ги укина сите органичувања за американските граѓани и компании да купуваат или да поседуваат хартии од вредност на компанијата.

Додаваат и дека се блаагодарни за укажаната доверба и поддршката од своите глобални корисници, партнери, вработени и акционери, но и дека се отворено, транспарентно, јавно тргувано, независно управувано и управувано претпријатие.

Xiaomi и понатаму ќе произведува квалитетни електронски производи и услуги за корисниците и неуморно ќе гради неверојатни производи со чесни цени за сите во светот да можат да уживаат во подобар живот преку иновативна технологија, порачаа од Xiaomi.

За потсетување, претходно годинава американското Министерство за одбрана под администрацијата на Трампс ја прогласи компанијата Xiaomi дека е поврзана со кинеската војска и поради тоа беше ставена на листа која оневозможува американски инвестиции во компанијата.

(Zimo)

(фото: Wikipedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •