25.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Глечерите на Исланд се намалиле за 750 км2 – научниците предупредуваат дека целосно ќе исчезнат

Kabtel desktop

Глечерите на Исланд, на кои им се заканува целосно исчезнување со 2200 година, веќе изгубија 650 км2 од својата површина од почетокот на 2000-тите години досега или тоа е еднакво на 7% од вкупната површина, покажа најновото истражување.

Вкупно површината на глечерите кои уште покриваат околу 10% од островската држава падна во текот на 2019 година на 10.400 km2, според објавата во научното списание Jokull (што значи глечер на исландски).

Од 1890 година досега површината на глечерите се намалила за 2.200 km2 или за 18%, но речиси една третина од тоа се случило од 2000-тите години досега, покажуваат последните податоци на исландските експерти за глечери, геолозите и геофизичарите.

Повлекувањето на ледот во последните две децении е речиси еднакво по површина колку површината на третиот најголем глечер на Исланд, Хофсјокул.

Промените на површината на глечерите на Исланд од 1890 година досега се јасен одговор за климатските промени. Промените во целата земја главно се истовремени, иако силното движење на ледот и вулканската активност под ледот влијаат на некои подрачја“, нагласуваат научниците.

Исланд во 2014 година посведочи на исчезнувањето на еден од своите глечери, Окјокул, како последица на глобалното затоплување.

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •