6.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Водата на Дојранско Езеро е безбедна за капење и рекреација

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Општина Дојран денеска ги објави резултатите од најновото испитување на водата на Дојранското Езеро што пред почетокот на туристичката сезона се прави од страна на Центарот за јавно здравје од Велес.

„Резултатите покажаа дека водата од Дојранското езеро е во одлична состојба и дека е безбедна за капење и рекреација на посетителите“, со задоволство изјави градоначалникот Анго Ангов, кој посочи оти примероци за анализа биле земени од три локации, поточно од Градската плажа и од плажите „Полин“ и „Гранико“.

Во извештаите на Центарот за јавно здравје од испитувањата на водата се истакнува непроменетата одлична состојба на водата со параметри кои немаат штетно влијание по здравјето на луѓето.

Од локалната самоуправа истакнаа дека уште неколку пати ќе се тестира квалитетот на водата во Дојранското Езеро, во текот на месеците јули и август.

(МИА)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!