13.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Еко-акција и нова гардска флота – ДХЛ Македонија на светскиот дена на животната средина

Kabtel desktop

Со еко-акција за чистење на легендарната патека од паркингот на Средно Водно до месноста Марково Крувче, вработените во ДХЛ Македонија и оваа година традиционално се вклучија во одбележување на Светскиот ден на животната средина, 5 јуни. Но, овојпат со вистински новитет: куририте на ДХЛ пристигнаа на Средно Водно со новата градска курирска флота, на 100% електричен погон. Во рамките на глобалната кампања, на DP DHL, под името GO GREEN, од денес па натаму, градските рути во Скопје ќе бидат опслужувани со возила со НУЛА емисија на издувни гасови.

„Грижата за заштитата на животната средина е обврска на институциите, но и на секој поединец и компанија. Ние, во ДХЛ, цврсто веруваме во тоа и затоа уште еднаш, конкретно и на дело, го даваме нашиот придонес кон остварувањето на оваа, можеби најзначајна заедничка цел на човештвото – здравата животна средина. Горди сме на оваа инвестиција, затоа што истата го дефинира нашето место меѓу општествено одговорните компании и уште еднаш ја потврдува позицијата на пионер во индустријата“, ни рече Радослав Нановиќ, ген. директор на ДХЛ Експрес Македонија.

Чекорејќи долж многубројните и разнолики патеки на Водно, на кои неретко наидувате на отпадоци (и покрај фактот што во близина има корпи за истите), неминовно станувате свесни за важноста на индивидуалната и колективната одговорност, која е одлучувачка кога е во прашање чиста и здрава животна средина. Денес, луѓето од ДХЛ Македонија несебично придонесоа да имаме почисто и поубаво Водно.

Со цел да живее и работи во склад со сопствената девиза „поврзување на луѓето, подобрување на животот“ (Connecting people, Improving lives), DP DHL групацијата се обврза да спроведе крупни промени и инвестиции, кои за крајна цел имаат да обезбедат карбон-неутрална логистика до 2050 година.

Важен елемент на оваа стратегија е и „попатната“ цел да се обезбеди 60% незагадувачки сервис во Европските метрополи, до крајот на декадата. Задоволство ни е што сме меѓу првите во Европа кои тоа и го достигнуваат. Подеднакво сме горди на бројните обуки и континуирани активности на нашите членови на тимот, сите тие се сертифицирани GoGreen специјалисти, и се пример за висока eкo-свест. Во годините пред нас, сите наши инвестиции во инфраструктура, ќе бидат базирани на одржливоста и на намалувањето на нашиот „карбонски отпечаток“ како резултат на деловната активност.“

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!