19.8 C
Skopje
сабота, јуни 12, 2021

Која е првата земја во светот што го прифати биткоин како официјална валута?

Kabtel desktop

Наиб Букеле, претседател на Ел Салвадор, најави дека во земјата биткоин ќе стане официјално средство за плаќање. Ако Конгресот ја поддржи идејата на претседателот на Ел Салвадор, малата држава во Централна Америка може да стане првата во светот во која криптовалутата е официјално средство за плаќање

Во тој случај биткоин би се користел за плаќање заедно со американскиот долар, кој е официјална валута во Ел Салвадор. Претседателот на земјата на голема онлајн конференција посветена на биткоин објасни дека на тој начин ќе им олесни на луѓето во земјата полезо, полесно и без додополнителни трошоци да испраќаат пари.

Повеќе од 2 милиони жители на Ел Салвадор жиеват во странство, но и понатаму одржуваат блиски контакти со својата тактовина и во неа испраќаат над 4 милијарди долари годишно. Парите кои во Ел Салвадор ситнгуваат од странство сочинуваат околу 20% од БДП на земјата.

Во Ел Салвадор за плаќање најмногу се користи готовина, па 70% од граѓаните уште немаат ни сметка во банка. Претседателот Букеле најави партнерство со компанијата за изработка на дигиталниот паричник Strike, која ќе има задача во земјата да изгради инфраструктура за употреба на биткоин.

(Klix.ba)

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •