37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Тесла најавува отворање ланец на ресторани

Kabtel desktop

Илон Маск најавува влез во бизнисот со угостителство, со лансирање ланец ресторани под брендот Тесла. Компанијата Тесла поднесе барање за заштита на трговски марки кои ги покриваат категориите „ресторански услуги, поп-ап ресторански услуги, услуги за самопослужување во ресторани и ресторански услуги за носење“, што значи се однесуваат за сите видови угостителски понуди на храна и пијалоци, од класични ресторани сè до ресторани за брза храна и услуги на “храна за носење“.

Како што на многу бензиски станици има разни ресторани, така и на Supercharger станиците за полнење електрични автомобили на Тесла ќе има “попратни содржини“ што ќе овозможат место за одмор и храна пред, за време или по полнењето на електричениот автомобил.

Тесла веќе ја тестираше оваа услуга кога на станиците за полнење California Supercharger station воведе мал киоск за храна и пијалоци, а сега сака да ја подигне услугата на значително повисоко ниво.

Ланецот ресторани на Тесла ќе биде препознатлив по големата буква Т од логото на компанијата, а Маск и неговиот тим исто така за потребите на ресторанот поднеле барање за заштита на трговската марка за самото име Тесла, како и за стилизирана верзија на зборот.

За да бидат што поинтересни за посетителите, рестораните Тесла ќе бидат тематски дизајнирани и ќе имаат голем број технологии кои ја красат автомобилската компанија на Маск.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •