Научници создадоа кристален премаз кој ќе им овозможи на луѓето да гледаат во темница

- Advertisement -

Обичните очила наскоро ќе може да станат и очила за гледање во темница благодарение на ултратенкиот премаз кој го создадоа научници. Провидниот метален премаз содржи нанокристали кои се стотици пати потенки од човечкото влакно. Може да се нанаесе директно на обични очила и да им помогне на луѓето да гледаат во темница.

Функционира така што ја претвора инфрацрвената светлина, која е невидлива за човечкото око, во слики кои можат да ги видат луѓето. Кристалите се направени од полупроводникот галиум арсенид и можат да манипулираат со бојата или фреквенцијата на светлината која поминува низ нив. Тоа овозможува премазот да ги претвора инфрацрвените фотони во нешто што може да го види човечкото око.

- Advertisement -

Се уште станува збор за прототип, но истражувачите се надеваат дека премазот ќе може да се нанесува директно на очила и ќе му овозможи на тој што ги носи да гледа совршено и во темница.

Тестовите покажале дека премазот прикажува зелени фигури во темница, слично како на очилата кои се наменети за гледање во темница. Научниците веруваат дека ова нивно откритие ќе донесе револуција во производството на очила за гледање во темница. Од една страна, секој ќе може да ги купи, а од друга страна нема да бидат гломазни како тие сега што ги користат полицијата и војската. Исто така, научнциите велат дека ќе го олесно возењето ноќе.

- Advertisement -

Ултракомпаткната технологија, за чие производство не е потребен извор на енергија, ја создал интернационален тим од Австралискиот национален универзитет и Универзитетот Трент во Нотингам.

Ова е прв пат некој да успее да ја претвори инфрацрвената светлина во нешто видливо. Невидливово го направивме видливо, велат истражувачите.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -