„Луфтханза“ повторно се задолжи со една милијарда евра

- Advertisement -

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ објави дека се задолжила на пазарот на капитал со дополнителни милијарда евра за подобрување на ликвидноста и враќање на државната помош.

Компанијата издаде обврзница во две транши од по 500 милиони евра, се наведува во соопштението објавено вечера по затворањето на берзата.

- Advertisement -

Првата транша носи годишна каматна стапка од два отсто, а плаќањето доспева во 2024 година. Втората, пак, има каматна стапка од 3,5 проценти и доспева за наплата во 2029 година. Луфтханза има намера да ги искористи парите за подобрување на ликвидноста.

Владите на Германија, Австрија, Швајцарија и Белгија ветија итна финансиска помош за „Луфтханза“ во износ од девет милијарди евра, поради падот на работата во текот на пандемијата на коронавирусот. Компанијата издаде обврзница од една милијарда евра во февруари годинава и отплати дел од добиената државна помош.

- Advertisement -

Фото – Flickr

Сподели!
- Advertisement -