Физичари од Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) открија нови кваркови во форма на горен и долен антикварк. Материјата е составена од фундаметални честички наречени кваркови кои ги има во 6 типа – горен, долен, магичен, страничен, површен и длабински. Тие кваркови се групираат на различни начини за да создаваат различни форми на материја, бариони како протони и неутрони кои се составени од повеќе кваркови и антикваркови, нивните антиматериски еквиваленти.
Барионите вообичаено се составени од 2-3 кварка, но егзотични бариони составени од 4-5 кваркови беа откриени изминатите години, откако се теоретизираше за нив со децении.
Новата честичка која ја открија физичари на CERN наречена Tcc+ е една од овие необични честички со четири кваркови позната како тетракварк. Новата честичка содржи два магични кваркови, горен антикварк и долен антикварк. Тоа ја прави посебно егзотична, велат од тимот научници.
Кога ќе се спарат кварковите и антикварковите тоа вообичаено го прават во својот тип, односно магичен кварк со магичен антикварк. Но, за оваа честичка е откриено дека има магични кваркови кои не може да се спротивстават на свои антикваркови. Токму затоа Tcc+ истражувачите ја нарекуваат двократен отворен магичен кварк или честичка која спаѓа во ретка класа наречена тетракваркови.
Уште поинтригантни се разликите во масата – магичните кваркови се сметаат за тешки, додека горните и долните антикваркови се лесни. Неусогласените маси многу го забавуваат процесот на распаѓање на честичките и ги прават постабилни. Затоа Tcc+ е најдолговечниот познат егзотичен хадрон.
Но, можеби тој рекорд нема да задржи долго време затоа што научниците сугерираат дека уште една слична честичка може да биде усште постабилна. Откритието беше претставено минатата недела на конференција на Европското физичко друштво за физика на високи енергии (European Physical Society Conference on High Energy Physics).
(CERN)
(фото: Pxfuel)