15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Апликацијата за психолошка поддршка, Разговор.мк доби нова функционалност!

Kabtel desktop

Апликацијата Разговор.мк, првата платформа за ментално здравје во Македонија која овозможува спојување на лиценцирани психолози и сите оние на кои им требаат нивните услуги, доби нова функционалност.

„Во нашата досегашна работа забележавме дека еден од начините да ја зголемиме свесноста за менталното здравје е да ги ставиме лиценцираните психолози и луѓето во меѓусебна интеракција. За таа цел, Разговор.мк овозможува нова функционалност за консултации на корисниците и психолозите на платформата. Со оваа функционалност отвораме можност за пошироката јавност едноставно да го направи првиот чекор и да осознае што значи разговор со психолог, како функционира процесот и какви очекувања може да креира од советувањето“, објаснува Георги Михаилов, еден од креаторите на платформата.

Корисниците имаат можност да побараат консултација со тоа што ќе одговорат на три прашања:

  1. Кој е предизвикот со кој се соочувате?
  2. Од кога се појави предизвикот и/или симптомите?
  3. Што би сакале да добиете од советувањето со психолог?

Оваа побарана консултација се дистрибуира до релевантните психолози кои ќе дадат краток бесплатен одговор, а исто така постои и можност корисникот да добие бесплатна консултативна сесија или консултативна сесија со попуст.

Целта на оваа консултативна сесија е корисникот да може да се запознае со психологот и процесот и техниките кои психологот ги користи.

Ваквата можност за консултации и кратки пишани одговори драстично ги зголемува шансите корисникот да го најде својот идеален психолог со кого ќе формира сојуз базиран на доверба.

“Нашата мисија е да им овозможиме на луѓето да живеат среќни и исполнети животи. Ова е мал чекор во тој правец и се надеваме дека оваа функционалност ќе го има влијанието кое го посакуваме“, вели Михаилов.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •