15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Швајцарски стартап пронајде начин за складирање енергија во бетонски блокови

Kabtel desktop

Чистата енергија како соларната може да ја реши нашата климатска криза, но тука е проблемот со прекинот на енергија ноќе. Што се случува кога сонцето не грее? Тоа може лесно да се реши ако најдеме начин да ја складираме сончевата енергија во текот на денот.

Во октомври 2019 година пишувавме за швајцарскиот стартап Energy Vault, кој имаше такво решение за складирање енергија во форма на огромни бетонски блокови. Во тоа време компанијата доби 110 милиони долари инвестиција од SoftBank.

Сега компанијата повторно доби инвестиција од 100 милиони долари во рамките на серијата С, што значи дека нивната технологија е се поблиску до комерцијална употреба. Технологијата на стартапот е релативно едноставна. Се состои од комбинација на тешки блокови од 35 тони и висока кула. Кога има вишок енергија механички кран се користи за подигање на блоковите, кои стојат така обесени додека не се јави потреба за енергија. Блоковите потоа се спуштаат и со својата тежинa затегнуваат кабли кои вртат турбини и произведуваат енергија.

Energy Vault проценува дека блоковите ќе имаат капацитет за складирање енергија до 80 егават-часови и ќе можат континуирано да ослободуваат 4 до 8 мегават-часови енергија за 8 до 16 часа. Компанијата исто така уверува дека бетонските блокови ќе бидат одржливи и ќе бидат направени од локален отпад. На тој начин исто така се заштедува емисија на гасови која би се испуштила при транспортот на тешките блокови од далечни локации.

(Interesting Engineering)

(фото: Energy Vault)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •