Онлајн дебата за митовите за вештачката интелигенција и придобивките од неа

- Advertisement -

Митовите за вештачката интелигенција, предизвиците што таа ги носи и придобивките од неа за поединците, бизнисите и институциите ќе бидат тема на панел-дискусија што ќе се одржи онлајн на 23 септември, од 10 до 11.30 часот.

Настанот „Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за вештачка интелигенција“, организиран со цел да се унапреди знаењето и да се подигне свеста кај граѓаните, ќе биде панел дискусија на пет експерти од областа или упатени познавачи.

- Advertisement -

За вештачката интелигенција ќе зборуваат Бардил Јашари, извршен директор на Фондација за интернет и општество Метаморфозис; Ивана Станковиќ, советничка во Фонд за иновации и технолошки развој и координаторка на Работната група за Национална стратегија за вештачка интелигенција; Илија Митров, софтверски инженер и сертифициран практичар во полето на вештачка интелигенција, тренер на Официјалната Академија за вештачка интелигенција во Семос Едукација; Марко Серафимовски, менаџер за интернационален развој на бизнис во Семос Едукација; Христијан Ѓорески, асистент за вештачка интелигенција и машинско учење на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ и извршен директор на Aidea Lab.

Сите заинтересирани да ја проследат дискусијата што ќе се одржи на Зум, а ќе се пренесува и на Фејсбук, треба да го пополнат формуларот за регистрација, каде што меѓу другото ќе можат и да ги постават своите прашања кои ќе бидат поставени на говорниците од дискусијата. Сите регистрирани учесници ќе добијат линк за влез во дискусијата.

- Advertisement -

Настанот ќе биде на македонски јазик, а на Фејсбук ќе се емитува на профилот на ИЦЕДА мрежата.

Настанот го организира Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е ко-финансиран од Европската Унија и се спроведува во 6 држави (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Естонија).

Сподели!
- Advertisement -