10.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Македонска компанија „Creative Hub“ победи на „Global Fundraising Stage Miami 2021“

Kabtel desktop

Македонскиот стартап „Creative Hub“, кој во 2019 година се најде на листата на најупешните на Форбс „30 под 30“, вчера победи на Глобалниот Инвестициски настан Мајами 2021.

Од „Creative Hub“ информираат дека ова е прва победа на македонска компанија која на настанот беше презентирана од основачот Аријана Коскарова на инвестициски самит во САД. Настанот, кој поради пандемијата се одржа виртуелно, е организиран од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF) и Институтот за „Data Science“ од Мајами.

„Creative Hub“ беше единствен стартап од Европа, а целта беше токму привлекување на инвестиции за развој на бизнисот и отворање на нов пазар во САД.

– Првпат после четири години од отворање на бизнисот повторно застанав на сцена во улога на стартап. Со оглед на фактот што останатите компании беа од областа на канабис, medtech, fintech и воедно беа американски старапи не мислев дека имаме шанса. Но нашата презентација му се се допадна на жирито и токму проблемот кој го решаваме, а тоа е потребата од нови вештини кои ги налага растот на технологијата. Во САД до 2030 година ќе има недостаток од 85 милиони работници од областите на кои се нашите Академии. Тоа заедно со нашиот бизнис модел и реалните податоци кои ги презентиравме ни ја донесоа победата. Оваа победа е само почеток на успех на нашата компанија надвор од границите на нашата земја, рече Аријана Коскарова, основач на „Creative Hub“.

Глобалната Инвестициска Сцена (GFRS) е интернационална ко-инвестициска платформа за инвеститори, стартапи и бизниси со голем потенцијал за раст кој има за цел да им отвори можност за глобализација на бизнисите преку собирање на инвестици од верификувани инвеститори.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •