10.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Отворен најголемиот онлајн саем за вработување: Над 500 отворени позиции во 130 компании од Македонија и регионот

Kabtel desktop

Од 13 до 20 октомври, сите посетители на саемот, на mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места претставени од над 130 изложувачи од Македонија, Србија, Босна, Хрватска и Словенија со над 500 огласи за работа.

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет конекција. За разлика од физичките саеми, кои траат 1 ден и бараат присуство на одредена локација, mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com можете да го посетите од било кој агол на земјата, секогаш кога вам ви одговара од денес, па се до 20 Октомври. Не ви требаат никакви лозинки или регистрација, со еден клик влегувате во светот на отворените можности.

На виртуелните штандови и оваа година ве чекаат совршени домаќини – врвни работодавачи кои бараат вработени, со кои можете директно да комуницирате и да ги дознаете одговорите на сите ваши прашања.

На штандовите на работодавачите, покрај понудата на работни места, можете да најдете и информации за компанијата, искуства на вработените, галерии со фотографии и/или видеа од идната работна средина.

– Сè што ви е потребно за да се пријавите на даден оглас, е интернет и вашето CV или профил на Vrabotuvanje.com, кој не е неопходен, бидејќи  на саемот можат сите да аплицираат, без разлика дали се наши корисници или не – велат ко организаторите на регионалниот саем – Vrabotuvanje.com.

– Спектарот на огласи кои можете да ги најдете на саемот е навистина широк: од можност за градење кариера во најпрестижните македонски и странски компании, до шанса да си го промените животот преку работно место во некоја од земјите од регионот. Без разлика дали сте без искуство или барате работна позиција која би била следниот чекор во вашата кариера, сигурни сме дека секој ќе најде нешто за себе – Заклучуваат од Vrabotuvanje.com.

Компаниите од Македонија кои ќе ве пречекаат со понуда на работни места и ќе ви се претстават се: BtoBet, Kiel, Телеком, Adient Automotive, NLB Banka, Кроација Осигурување, Магна, Strabag, Алкалоид АД Скопје, Marquardt, Apave, Breon, Neptun, Ultrasoft, Lactalis MK, Data Masters, ESI, Ветон Ќоку, aдвокат во соработка со Карановиќ и Партнерс, LTH Learnica.

А од регионов вашите пријави ќе ги очекуваат ИКЕА, COCA-COLA, Raiffeisen Bank, Philip Morris, MTS:...

Посетете го саемот од 13 до 20 октомври на https://mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com и започнете кариера во вистинската насока!

Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со своите партнер сајтови за работни места од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi.Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •