21.8 C
Skopje
недела, октомври 2, 2022

Ресторанот Noma на тетовецот Реџепи прогласен за најдобар во светот

Kabtel desktop

Копенхаген ја потврди својата репутација како глобална дестинација за добра храна. Два ресторани од Данска се најдоа на првото и на второтo место на листата со 50 најдобри ресторани во светот за 2021 година (World’s 50 Best Restaurants ), што е еднакво на Оскари за гастрономија.

Новиот Noma на Рене Реџепи, Данец по потекло од Тетово, Македонија, кој е познат по своите техники за ферментирање, е прогласен за најдобар ресторан во светот на церемонија во Антверп, Белгија. Стариот Noma ресторан беше најдобар ресторан во светот во 2010, 2011, 2012 и 2014 година, а на второ место во 2019 година.

„Секоја посета на Noma е сосема поинакво искуство“, се вели во описот на ресторанот. Вилијам Дру, директор на содржина за World’s 50 Best Restaurants, вели дека Noma е највлијателниот ресторан од својата генерација, кој поставува нови стандарди во поглед на истражувањето и користењето нови состојки, создавањето нови специјалитети и презентацијата на храната.

Годишната листа на најдобрите ресторани во светот ја избираат над 1.000 гастрономи, вклучувајќи писатели за храна, готвачи, сопственици на ресторани и кулинарни експерти, кои годинава второто место го доделија на ресторанот Geranium, кој исто така се наоѓа во Копенхаген и има три Мишелин ѕвезди.

Noma е предводник на новата нордиска кујна од 2004 година, кога Реџепи и соосновачот на ресторанот Клаус Мејер, се приклучија на 10 други нордиски шефови кои објавија манифест со цел развој на автентична кујна за регионот. Во манифестот се потенцира чистота, едноставност и свежина во готвењето, како и користење на сезонски и локални продукти.

Третиот новонордиски ресторан на листата. Frantzèn од Стокхолм, се најде на шесто место, додека два шпански ресторани, Asador Extebarri во Акспе и Disfrutar во Барселона,, се најдоа во топ 5.

(The Guardian)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!