13.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

ФИТР: Првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра ќе овозможи рапиден развој на македонските иновативни компании

Kabtel desktop

Фондот за иновации и технолошки развој со поддршка на Министерството за финансии и Светска Банка го креираше првиот хибриден Инвестициски фонд од 27 милиони евра.  По тој повод, денеска се одржа панел дискусија на тема: „Сè што треба да знаете за инвестицискиот фонд” во рамките на „Глобалната недела на претприемништво 2021” а во организација на Стартап Македонија.

Говорници на настанот беа: Коста Петров, директор на ФИТР, Игор Андреев, ко-основач на X Фактор Акцелератор, Игор Маџов, инвестициски фасилитатор во Swiss EP и претседател на Стартап Македонија, Ивана Станковиќ, советник во ФИТР и Гого Рафајловски, оперативен директор на SEEU Tech Park.

Целта на Инвестицискиот фонд е развивање на пазарот на капитал и отворање на нови можности за инвестирање во стартапи, со цел трансформација на македонскиот стартап екосистем но и создавање на нови услови за развој на „venture capital” во државата.

„Со оглед на активностите на ФИТР во изминатата година, формирањето на Инвестицискиот фод е логичен редослед во насока на поддршка на стартап екосистемот и овозможување на побрз развој, полесен пристап до финансии и полесен влез до глобални пазари. Одиме чекор напред во димензионирање на поддршката на Фондот од директна во индиректна со креирање на поволни услови за оние кои им нудат поддршка на стартапите.“ посочи, Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Петров додаде дека во Инвестицискиот фонд, државата ќе учествува со 10 милиони евра, додека остатокот од 17 милиони ќе биде приватен капитал и од меѓународни финансиски институции. Инвестициите на Фондот ќе се движат од 100.000 евра до 1,5 милиони евра, а ќе се инвестира во македонски но и регионални стартапи.

„Стартувањето со работа на новиот Фонд ќе претставува огромен импулс за уште посилен развој на македонската стартап сцена. Посебно важно за нас како приватен акцелератор е тоа што намерата е да се засили влезот на приватни инвеститори во поддршката на растот на компаниите на глобално ниво. Со оглед на фактот што ние инвестираме во рана фаза, со износи до 100.000 евра, за иновативните стартапи кои имаат глобален потенцијал за раст, од голема важност ќе биде и целокупната поддршка за понатамошен развој во следна рунда на инвестиции.”, резмираше на панел дискусијата Игор Андреев, ко-основач на X Фактор Акцелератор.

Според претседателот на Стартап Македонија, Маџов „иновативативните и перспективните компании се секогаш во потрага по нови и алтернативни извори на финансирање за да растат. Овој фонд го гледаме само како почеток во права насока за обезбедување на поголема подршка и развој на инвестирањето преку удели во земјава.“

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!