Истражување: за генерацијата Z најбитно е семејството, а не технологијата

- Advertisement -

Ако ги погледнеме младите денес сигурно ќе помислиме дека се зависни од своите паметни телефони и технологијата, а дека дружењето со други млади во живо не им е толку битно. Но, истражувањето кое беше спроведено во 11 земји од Централна и Источна Европа покажа поинакви резултати. Иако технологијата е неизоставен дел од нивниот живот, битни им се и контактите лице во лице.

Интересното истражување откри дека за генерацијата Z се најбитни семејството и здравјето, а технологијата ја земаат задраво за готово. Иако парите им се битни во животот, на прашањето за вредностите кои им се најбитни на прво место се најде семејството (67%), здравјето (60%), пријателите (45%) и љубовниот живот (43%).

- Advertisement -

Така, истражувањето покажа дека за младите на возраст од 18 до 24 години (вкупно 11,5 милиони луѓе во тие земји) фокусот е ставен на решавање на еколошките и општествените проблеми и очекуваат дека и големите брендови ќе го направат истото. Како корисници на паметни уреди, очекуваат дека трговските и финансиските услуги ќе бидат брзи и практични затоа што сакаат да купуваат преку интернет, да плаќаат бесконтактно и љубители се на мобилното банкарство.

Дека директниот контакт со други луѓе е исклучително битен посебно сфатиле за време ан кранатинот. Така, иако парите им се битни во животот, нa прашањето што им е најбитно најпрвин го посочуваат семејството, потоа здравјето, пријателите и љубовниот живот. Спротивно на перцепцијата на сите, младите од генерацијата Z велат дека ништо не може да ги замени разговорите лице во лице и 64% сакаат слободното време да го поминуваат со други пријатели, а не да бидат сами.

- Advertisement -

Речиси половина од испитаниците од Централна и Источна Европа велат дека донираат на разни здруженија и невладини организации, а 1/3 од нив волонтираат. Кога размислуваат за иднината, ситуацијата со нашата планета е една од нивните најголеми грижи (40%).

Дури 70% од испитаниците ги користат социјалните мрежи како примарен извор на информации и инспирација, а 73% секојдневно разговараат со своите пријатели преку чет апликации. Исто така, уживаат во дигитална забава, музика (89%), филмови и серии (74%) и играње видеоигри (67%) барем еднаш дневно.

- Advertisement -

Онлајн шопингот е најприродна работа за генерацијата Z, па 76% од испитаниците купуваат на тој начин најмалку еднаш неделно, најчесто облека, храна и производи за убавина и нега, а најсреќни се кога тој производ ќе го најдат по акциска цена.

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -