Microsoft до 2030 година ќе стане „водено позитивна“ компанија

- Advertisement -

Од Microsoft открија неколк детали за своите планови податочните центри да ги направат што „позелени“. Microsoft има нова цел во борбата за зачувување на животната средина, па така до 2030 година планираат да заштедат околу 5,7 милијарди литри вода годишно за да станат „водено-позитивна компанија“.

Во објава на блог од компанијата напишаа дека очекуваат до 2024 година да имплементираат нова технологија за ладење, која целосно ќе ја елиминира потребата за водено ладење на серверите на одредени локации, како Даблин, Амстердам, Вирџинија и Чикаго.

- Advertisement -

Истата технологија може да ја намали употребата на вода во одредени пустински податочни центри како Аризона за дури 60%. Од Microsoft наведуваат дека ќе станат првиот давател на услуги во облак кој ќе користи исклучиво двофазно ладење со потопоување во течност. Microsoft проучува и т.н. overclocking и откриваат дека течното ладење може да ги зголеми перформансите на одреден број чипсетови за до 20%.

(Tech Times)

Сподели!
- Advertisement -