Маврово вчера повторно беше во знакот на велосипедизмот, активниот животен стил и дружењето. На 8 септември, Халкбанк по седми пат ја организираше хронометарската велосипедска трка Халк Вело Грин, која и оваа година ги обедини рекреативците, професионалните велосипедисти, децата, младите и љубителите на природата во ден исполнет со спорт и позитивна енергија.
Трката, која одамна прерасна во повеќе од спортски настан, е дел од платформата ХалкЕко, преку која Халкбанк ги промовира здравите животни навики, активниот начин на живот и грижата за животната средина. Стартот и целта беа поставени на големиот паркинг пред спортската сала во Маврово. Учесниците во категориите Хоби и Млади се натпреваруваа на патека долга 22 километри, додека категоријата Деца возеше 12 километри.
Во категоријата Хоби кај мажите, првите три места ги освоија Иван Илијевски, прво место, Ведран Чичов, второ место, Маријан Тасевски, трето место. Кај жените најбрзи беа Елена Петрова, прво место, Елеонора Димковска, второ место, Даниела Атанасовска, трето место. Во рамки на оваа категорија, имаше и подкатегории според возраста, за мажи и жени. Кај оние од категорија 40–49 години, најдобри беа Слободан Настевски, Александар Михајлоски и Огнен Ѓорѓиевски кај мажите, односно Даниела Атанасовска, Драгана Анѓелеска и Рената Ќуштеревска кај жените.
Во возрасната подкатегорија од 50–59 години најбрзи мажи беа Валери Јованчев, Ален Јовчевски и Ивица Јовановски, а кај жените првите три места ги освоија Сашка Костовска Длака, Сузе Соларска и Маја Илиева. Од учесниците постари од 60 години, првите три места кај мажите ги освоија Борислав Соларски, Зоран Андоноски и Ѓоко Маркоски, а кај жените Билјана Иванова.

Во категоријата Млади, каде се натпреваруваа деца, родени од 2008 до 2011, најбрзи во машка конкуренција беа Константин Костоски, прво место, Кирил Анчевски, второ место и Мартин Спасевски, трето место и Јана Ѓорѓиевска, прво место, Сара Пановска, второ место и Тија Кукунешоска, трето место во женска конкуренција.
Кај децата, родени 2012 и помлади, првите три места ги освоија Андреј Лозаноски, прво место, Михаил Лозаноски, второ место и Јован Кутаноски, трето место во машка конкуренција и Оља Цветанова, прво место, Илина Станојевска, второ место и Климентина Атанасовска, трето место во женска конкуренција.
Покрај индивидуалниот натпреварувачки дух, Халк Вело Грин и оваа година понуди можност за тимско рангирање, овозможувајќи им на компаниите, спортските клубови, здруженијата и групите пријатели заедно да ја почувствуваат атмосферата на трката.
Најуспешните тимови Аксиос-ПРО, Халкбанк и Цикло Спорт добија дипломи и пехари, како признание за тимскиот дух и заедничкиот успех.
Во духот на вредностите што ги промовира ХалкВелоГрин, сите средства собрани од котизациите се наменети за хуманитарна и општествено корисна цел, пошумување на територија каде што ќе има потреба од истото.
Најдобрите натпреварувачи беа наградени со парични награди. Во категоријата Хоби, наградите за првите три места во машка и женска конкуренција изнесуваат 15.000, 10.000 и 5.000 денари. Во категоријата Деца и Млади наградите се 8.000, 5.000 и 3.000 денари. Со седмото издание на Халк Вело Грин, Халкбанк уште еднаш испрати порака дека спортот, здравите навики, грижата за природата и солидарноста можат да се спојат во еден настан што инспирира сè поголем број учесници.






























