-0.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Робот може да препознае кога лажете

Kabtel desktop

Израелски научници од Универзитетот на Тел Авив обучија вештачка интелигенција која еден ден ќе се најде во роботи и чет ботови, а со прилично голема прецизнос може да го открие лажењето.

Имено, за да овозможат вештачката интелигенција да препознава лаги, научниците на доброволци кои учествувале во истражувањето им поставиле сензори на лице и потоа ги следеле малите промени во движењето на фацијалните мускули, кои потоа ги поврзувале со фактот дали се зборува вистина или лага.

Вештачката интелигенција успеала да ги препознае лагите со 73% прецизност, што е нешто помалку од прецизноста на полиграфите – околу 80%.

Со оглед на тоа дека се работи за истражување кое се наоѓа во рана фаза од развојот, научниците сметаат дека ова е одличен резултат за нивната вештачка интелигенција, која со тек на време ќе се збогати со препознавање други знаци на лажење и еден ден ќе може да се користи и на суд, што уште не е случај со полиграфите, чии резултати речиси никаде во светот не се признати во судските вештачења.

Научниците велат дека пред да се случи тоа нивната вештачка интелигенција на погон на алгоритам на машинско учење може да се комбинира со 3Д камери и да се користи и на аеродроми, на царина и на гранични премини.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!