-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Европа се очекува да го одобри лекот на Merck против корона вирусот

Kabtel desktop

Европското регулаторно тело вчера соопшти дека за неколку недели ќе донесе одлука за барање за пласирање на европскиот пазар на лекот на Merck против КОВИД-19, „молнупиравир“, во форма на таблета која се продава под името Lagevrio.

„Европската агенција за лекови (EMA) почнљаа со оценување на барањето за одобрување на дистрибуцијата на оралниот антивирусен лек Lagevrio (молнупиравир)”, велат од ЕМа во соопштението.

„EMA ќе ги процени бенефитите и ризиците на Lagevrio за краток рок и ќе го соопшти своето мислење за неколку недели ако предочените податци се доволно прецизни и комплетни за докажување на делотворноста, безбедноста и квалитетот на лекот“ се вели во соопштението од агенцијата..

Додека Европа се бори со новиот бран на пандемијата, европското регулаторно тело во петокот ја одобри примената за итни случаи, што значи можно е да следува официјално одобрение во ЕУ на таблетата на Merck против КОВИД-19.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!