-0.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Илон Маск продаде уште 1 милијарда долари акции во Tesla

Kabtel desktop

Илон Маск продаде уште 1,05 милијарди долари вредни акции во , со што вкупно досега има продадено околу10 милијарди вредни акции. Маск се уште поседува 169 милиони акции во компанијата, која моментално се проценува на над 1 трилион долари.

Маск во повеќе наврати истакна дека не зема плата од компанијата за електрични автомобили, но има акции од кои има приходи во зависност од перформансите на компанијата. Некои од опциите истекуваат после одреден краен рок и Маск затоа овој месец почна забрзано да продава.

Претходно овој месец Маск почна анкета на Twitter и ги праша следбениците и сите корисници на социјалната мрежа дали да продаде дел од акциите во Tesla за да плати даноци. Околу 58% од луѓето му одговорија со „ДА“. Според деталите кои ги има Комисијата за хартии од вредност и размена на валути на САД, продажбата на акции која се случи вчера исто така е дел од сличен договор на Маск склучен уште во септември годинава.

Со оглед на тоа дека акциите на Tesla достигнаа рекордна вредност, Маск веќе стана најбогатиот човек во светот. Вобичаено, тие бројки се само на хартија, но сега кога Маск почна да продава акции се гледа вредноста и во реалниот свет. Се очекува Маск да потроши половина од досега собраните 10 милијарди долари за да си ги плати даноците.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!