Xiaomi гради фабрика за електрични возила која годишно ќе произведува 300.000 возила

- Advertisement -

Кинескиот технолошки гигант Xiaomi, кој инаку е најпознат по производството на мобилни телефони и друга потрошувачка електроника, ќе изгради фабрика за електрични автомобили која годишно ќе може да произведува 300.000 возила, потврди кинеската влада.

Фабриката на Xiaomi ќе биде изградена во две фази, а таа компанија ќе изгради и седиште за својот автомобилски оддел, за продажба и истражување. Фабриката и придружните објекти ќе бидат изградени во економско-технолошката развојна зона на Пекинг, открива агенцијата за економски развој Bejing E-Town.

- Advertisement -

Истата агенција порача дека очекуваат дека фабриката ќе постигне ниво на масовно производство во 2024 година, а таа е целта која шефот на Xiaomi, Леи Јун, уште во октомври.

Во март годинава од Xiaomi порачаа дека се посветени на инвестирање на 10 милијарди долари во својот нов автомобилски оддел во наредните 10 години. Кинескиот технолошки гигант уште во август регистрираше свој нов оддел за електрични возила.

- Advertisement -

(The Straits Times)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -