22.8 C
Skopje
недела, октомври 2, 2022

Бил Гејтс најави кога да очекуваме крај на пандемијата

Kabtel desktop

Акутната фаза од пандемијата на КОВИД-19 ќе заврши во 2022 година, порача основачот на Microsoft и заговорник на вакцинирањето и вакцините, Бил Гејтс. Исто така, рече дека е загрижен поради новата омикрон варијанта на корона вирусот. 

“Може да биде глупаво да се направи ново предвидување, но сметам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во текот на 2022 година” напиша Гејтс на својот блог GatesNotes.

“Се надевам дека за неколку години за вирусот ќе размислуваме само кога еднаш годишно ќе се вакцинираме со заедничка вакцина против грип и КОВИД-19” додаде Гејтс.

Гејтс истакнува дека лекот “молнупиравир” против корона вирусот на фармацевтскиот гигант Merck, чија употреба ја одобри и американската Агенција за храна и лекови и е наменета за најризичните групи, значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт, иако не за онолку колку што првично се надевавме. 

Гејтс признава и дека и порак развојот на вакцини и масовната вакцинација на глобално ниво, во 2021 година од корона вирусот умреле повеќе луѓе отколку во 2020 година. Тој смета дека годинава ситуацијата не се подобрила толку драматично како што очекувал. 

Сепак,и покрај глобалната криза, Гејтс годинава го зголеми богатството и сега поседува 138,5 милијарди долари. Сепак, тој напиша дека 2021 му е најнеобична и најтешка година во животот.

Тој пишува и за тоа дека најмногу е разочаран од нееднаквата распределба на вакцините на глобално ниво и смета дека нема смисла нискоризичните групи да се вакцинираат пред постарите и ранливите во сиромашните земји. 

(Zimо)

Фото – Wikimedia


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!