-1.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Глобалното затоплување може да ги разбуди сите опасни вируси и бактерии

Kabtel desktop

Топењето на пермафростот поради глобалното затоплување може не само да доведе до ослободување на метан и можно уништување на арктичката инфраструктура, туку и до бидење на старите вируси и бактерии, предупредуваат од Русија.

Рускиот дипломат Николај Корчунов откри дека Русија пењдложила проект за биолошка безбедност на Арктичкото собрание, односно меѓународниот форум кој го сочинуваат осум земји, а кои имаат суверенитет над копното во Арктичкиот круг.

Корчунов, кој има функција на амбасадор во Министерството за надворешни работи, претседава со Комитетот на високите претставници на Арктичкото собрание.

„Постои ризик од будење на старите вируси и бактерии. Поради тоа Русија стартуваше проект за биолошка безбедност во рамките на Арктичкото собрание“ рече тој и напомена дека задачата ќе биде да се анализираат ризиците и опасностите во врска со деградацијата на пермафростот и идните заразни болести.

Корчунов не е првиот кој укажува на оваа потенцијално разона последица на климатските промени. Претходно годинава рускиот научник Сергеј Давидо предупреди дека топењето на пермафростот може да резултира со појава на историски екосистеми на површината, а тоа вклучува и вируси. Тој рече дека голем дел од територијата на Русија е пермафрост, кој не се топел со милиони години, а предисториските вируси, од кои некои може да бидат екстремно опасни, може да се наоѓаат во него.

Изминатите години рускиот претседател, Владимир Путин, стана многу поотворен кога станува збор за климатските промени и често предупредуваше на опасноста од глобалното затоплување, кое е опасно за екосистемите и за животната средина. Тој истакна дека 65% од Русија е пермафрост, така што еколошките промени ќе имаат огромни последици на руската инфраструктура и би претставувале тежок удар за економијата.

„Тоа влијае на цевководите, населените дистрикти направени на пермафрост и др. Ако се истопат 25% од слоевите на пермафростот кои се блиску до површината до 2100 година, што изнесува околу 3-4 метри, ќе почувствуваме големи последици“ порача Путин.

(Klix.ba)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!